„Made in Macedonia“ е насловен претстојниот симфониски концерт што во својот редовен термин, в четврток на 15 март во 20 часот, ќе го одржи Македонска филхармонија. Солист ќе биде првиот кларинетист Здравко Ангелов, а оркестарот со кој ќе раководи маестро Борјан Цанев, освен Концертот за кларинет и оркестар бр. 1 од Лудвиг Шпор, ќе ги изведе и „Лет“ од австралискиот композитор со македонско потекло, Мајкл Бакрнчев, како и познатата моцартова Симфонија бр. 41.