Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Неизвесна е разврската за амандманите на Законот за јазиците

Се уште не се знае дали утре или во текот на следните денови во Собранието ќе дојдат на дневен ред над 35.000 амандмани поднесени од опозицијата за Законот за јазиците и како ќе се надмине оваа ситуација, која би можела да го блокира Парламентот. Официјално од кабинетот на претседателот на Собранието  велат дека до крајот на денот на собранискиот сајт ќе биде објавено дали утре ќе биде закажа 32. седница на која се ставени амандамните.


Претседателот на Собранието Талат Џафери минатата недела на брифинг со новинарите кажа дека очекува скора разврска, а истата вечер во телевизиско интервју најави седница за амандманите најверојатно за вторник.


Сепак, најава за седница нема, туку се остава само можност за нејзино одржување. На денешната редовна понеделничка средба на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Парламентот Џафери, без претставник на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со точката за амандманите за Законот за јазиците не било договорено ништо конкретно, информираат од владејачкото мнозинство.


Претседателот најави можност за утре да биде закажано продолжение на две прекинати седници и тоа 11-та и 32-та на која се наоѓа и точката за Законот за јазиците, но на дневен ред на оваа седница има уште неколку точки за важни и итни предлог закони, посочуваат од владејачкото мнозинство.


Доколку парламентарните партии од власта и опозицијата попладнево не постигнат договор можно е точката на дневен ред на која се амандманите да биде прескокната, и пратениците да се изјаснуваат за останатите точки на дневен ред на 32. седница.


На оваа седница на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, по скратена постапка, на Законот за заштита на укажувачи, на Законот за народниот правобранител, измените на Законот плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, измени на Законот за пратениците, во прво читање и други.


На 11. седница, пак, се останати само измените на Законот за заштита од пушењето, по скратена постапка.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus