Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Советниците на Путин во Скопје – Не ви треба ЕУ, зашто се распаѓа

Русија нема да ја спречува или да ѝ се меша на Македонија дали ќе влезе во ЕУ или во НАТО и ќе го почитува тоа, македонскиот народ и Македонија треба сами да одлучат, но треба да имаат избор, порача денес Александар Дугин, првиот советник на рускиот претседател Владимир Путин и креатор на сесловенската стратегија на Русија, од панел дискусијата „Република Македонија во стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија“. Дугин според многумина е и креаторот на антизападната стратегија на Русија.


Панел дискусијата, на која учествува и Леонид Савин, вториот советник на Путин, ја организира партијата Единствена Македонија на Јанко Бачев. Партијата досега се викаше Народно движење за Македонија, но се преименува по урнек на путиновата партија Единствена Русија.


Со напади и предупредувања дека Западот не е добар избор за Македонија, Дугин и Савин, пред околу 300 граѓани во Скопје, рекоа дека Македонија треба да размисли и за опцијата Евроазиска економска унија. Македонија треба да размисли не за членство во ЕУ, која се распаѓа, туку за некаков балкански сојуз и, секако, за приклучување во Евроазиската економска унија, рече Савин.


Претходно, на прашања на новинарите, Дугин не даде конкретен коментар за Договорот за добрососедство со Бугарија и за процесот за решавање на спорот за името со Грција, туку само рече дека „секој сам треба да одлучува за својата иднина и дека е важно сите словенски народи да се обединат“.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus