Санте плус остана без дозвола
Во соопштението наведуваат дека нема да го коментираат обдукцискиот наод, бидејќи е предаден во Основното јавно обвинителство, кое отвори истрага за случајот со смртта на родилката од Кичево. Таа почина при породување со царски рез, од задушување поради грешно поставање на анестезијата, покажа обдукцијата.