Бејли повика поддршката за ЕУ и НАТО да се преточи во политичка волја
Бејли смета дека владеењето на правото е еден од најголемите предизвици со кои се соочува земјата, а судовите треба да внимаваат на транспарентноста. Тој го посочи и случајот кога јавен обвинител учествувал во донесување одлука што се однесувала на член на семејството на друг член на Советот на обвинители, што според него, се чини дека станува збор за конфликт на интереси.