Путин наредил спроведување на хуманитарна пауза во Сирија
Генералниот секретар на ОН, Антионо Гутереш претходно ги повика завојуваните страни во Сирија веднаш да спроведат прекин на огнот од 30 дена. Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров претходно изјави дека прекинот на огнот во Сирија ќе стапи на сила кога сите засегнати страни ќе постигнат согласност како тој ќе биде спроведен и инсистираше дека примирјето не се однесува на „терористички групи“.
Тој порача и дека извештаите за наводен хемиски напад во Гута се лажни вести. Според него, Русија нема никогаш да поддржи акции кои имаат за цел да ги поштедат групите од напади.