Пратеникот на владеачката партија во Грција, СИРИЗА од регионот на Солун, Димитрис Мардас, смета дека сложено име со терминот Македонија за Грција е второто најдобро решение. Според него, без име за севкупна употреба и уставни промени нема решение на спорот. Тој вели дека било историски докажано дека македонска нација не постоела.