Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Заев: Ќе има реконструкција на Владата и зголемување на парламентарното мнозинство

Солидарноста што е изразена меѓу шесте земји од Западен Балкан секогаш да бидеме заедно, е причината за изјавата на потпретседателот на Владата Бујар Османи дека нема да учествува на конференцијата во Бања Лука, рече  денеска премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашања по средбата со тутунопроизводителите во Конче и додаде дека шесте земји од Западен Балкан секаде се заедно без разлика која колку е понапред во ЕУ интеграциите.


" Не знам зошто Косово не е покането, веројатно Босна и Херцеговина го нема признато. Ако една или две земји не се поканети, тогаш која е целта другите да присуствуваат. Не можам да потврдам колку е соодветно дадена изјавата на вицепремиерот Османи, зашто без објаснувањето кое го дадов испраќа погрешна порака до нашите партнери од регионот со кои сакаме да одиме напред. Знаеме дека сакаме да имаме добрососедски односи со сите и мораме при давањето на изјавата да внимаваме на одекот кон нашите соседи и внатре во државата, рече Заев.


Tој одговораше  и на други новинарски прашања меѓу кои и за  неговата претходна изјава дека има  функционерите во Владата кои ниту знаат, ниту пак се трудат да работат. На прашње зошто за нивна смена  да се чека десет месеци  Заев кажа  дека тој ја испратил пораката за да се поправат тие што можат. 


" Апсолутно ако некој заслужува смена веднаш тоа се прави. Без разлика дали е од пониските ешалони или од повисоките. Очекуваме секако да се случуваат и реконструкции и промени во соодветни временски периоди кога се прават рекапитулари од секој можен аспект, одговори Заев.


Премиерот Заев  дополни  дека размислува и за реконструкција на владиниот кабинет, но и зголемување на бројот на пратениците во пратеничката група.


"Да, прво ќе има реконструкција, затоа што пред се ќе расте бројот на пратеници во пратеничката група. Разговараме со дополнителни пратеници. Мислам дека треба да овозможиме стабилизирање на парламентот, од повеќе аспекти. Јас се надевам дека и опозицијата ќе се врати брзо во парламентот, но и вкупниот број на пратеници од парламентарното мнозинство би требало да биде посоодветен, за да може да нема вакви прекини на сендиците, паузи, собирање на пратениците или слично. Верувам дека ќе успееме со тоа, а поради тоа ќе се случи секако и реконструкција" рече премиерот Заев.


За очекувањата од посетата на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер Заев рече дека уште еднаш очекува охрабрување и сериозна мотивација за завршување на рефрмите.


" За нас тоа охрабрување, значи сериозна мотивација, да ги дозавршиме реформите согласно плановите 3-6-9, да ги продолжиме сите оние процеси на унапредување на севкупниот квалитет на животот на граѓаните, поради тоа што сме убедени дека Европа ќе ни даде датум за преговори само ако заслужуваме или ќе станеме членка на ЕУ само тогаш кога нашиот стандард на граѓаните ќе биде веќе приближно еднаков на стандардите на граѓаните на ЕУ" рече Заев.


Додаде дека очекува прецизирање за терминот кога Македонија ќе добие неусловена препорака, но истовремено и охрабрување дека во јуни е можно да има датум за отпочнување на преговори, а со тоа и отворање на дополнителни европски фондови за Република Македонија.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus