Османи: Учеството во Бања Лука откажано зашто не е во духот на соработката
"Одлуката не ја донесов како Албанец, туку како европеец, којшто верува во европската иднина на регионот. Стратегијата на ЕУ за регионот предвидува перспектива на сите шест земји од регионот за членство во ЕУ и еден од предусловите за да може овој регион да стане дел од ЕУ, е помирувањето. И било каква иницијатива со која не се дава придонес кон помирувањето, туку напротив се исклучува една од државите, е спротивна на идејата на самата Стратегија" изјави Османи.
Тој посочи дека и да не била повикана некоја друга држава, немало да учествува на таа конференција, бидејќи, како што рече, не е во духот на соработката и регионалното помирување.