Советот за безбедност на ОН настојува да постигне договор за резолуцијата за прекин на огнот во Сирија и го враќа гласањето на дневен ред денеска попладне. Гласањето за предлогот за примирје за 30 дена во Сирија за да се овозможи хуманитарна помош и евакуација на повредените цивили веќе од 22 февруари е одложено неколку пати. Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини Русија, Иран и сириската влада дека се одговорни за "хуманитарна немилост" во Сирија. "Ќе кажам дека она што Русија, Иран иСирија го направија неодамна е хуманитарен срам", изјави Трамп на прес-конференцијата во Белата куќа. Русија претходно изрази противење на резолуцијата, велејќи дека е нереална и дека го игнорира фактот дека голем број борци на Исламистичката држава остануваат во регионот. Францускиот претседател Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел апелираа до рускиот претседател Владимир Путин Русија да ја поддржи резолуцијата и да ја притисне сириската влада за сопирање на бомбардирањата во енклавата на бунтовниците надвор од Дамаск.