Ципрас телефонски разговарал со Меркел
Оттаму наведуваат дека двајцата лидери разговарале за прашањето за името, провокативната воздухопловна активност на Турција во Егејското Море и односите меѓу ЕУ и Турција, се наведува во соопштението, пренесува МИА.
Телефонскиот разговор на Ципрас и Меркел доаѓа на еден ден пред посетата на македонскиот премиер Заев на Берлин и неговата средба со германската канцеларка.