ЕУ да ги укине санкциите против двајца соработници на Јанукович
Дипломати на ЕУ анонимно зборуваат дека ЕУ заклучила дека нема доволно докази да ги задржи на листата на санкции Сергеј Клујев и поранешната министерка за правда Олена Лукаш, за наводна вмешаност во проневера на државни средства под Јанукович, кој беше избран во 2010 година.
Санкциите против 13 други лица остануваа на листата и ќе продолжат уште една година, велат дипломатите. Меѓу нив се наоѓа и Јанукович, неговиот син Олександар Јанукович, поранешните премиери Микола Азаров и Сергеј Абузов.