Ирански патнички авион се урна во планинскиот регион во централната покраина Исфахан, при што загинаа сите 66 лица, јавија медиуми од земјата. Авионот на компанијата Асеман Ерлајнс полетал од аеродромот во Техеран. Во авионот се превезувале 60 патници и 6 членови на екипажот. Се уште не се знае причината за несреќата. Лошите временски услови ги спречиле спасувачките екипи да стигнат до местото на настанот.