Тилерсон со честитки за независноста на Косово
„Во деценијата независност, Косово покажа одлучност во созревањето во постабилна, подемократска и поинклузивна земја. САД продолжуваат да ги поддржуваат граѓаните на Косово додека работат на јакнење на демократските и мултиетнички институции, зголемување на економскиот раст и унапредување на владеењето на правото на патот кон целосна интеграција во меѓународната заедница“, наведе Тилерсон.