Суспендиран водичот кој ја водеше групата на Кајмакчалан кога загинаа Калина и Александар
Водичот Зоран Костадинов е суспендиран пред се од морални причини, потврдуваат за МИА од Федерацијата на планинарски спортови.
Во извештајот и анализата за искачувањето на Кајмакчалан, како што јави МИА, се наведува дека кон врвот тргнале 63 планинари предупредени од водичот дека во зависност од временските услови може да биде прекинато искачувањето во било кој момент.
Калина Велевска и Александар Миновски загинаа при искачување на врвот Кајмакчалан.