Могерини: Импресионирана сум од дијалогот меѓу Атина и Скопје
Сметам дека билатералните прашања како што е тоа за името се многу деликатни, а јавното мислење во двете земји е важно. Тоа значи дека е потребно политичко лидерство, голема храброст, решителност и јасна визија за тоа што е добро за сопствените граѓани. Многу сум ипресионирана од тековниот дијалог меѓу Атина и Скопје и подготвена сум да го поддржам на каков било начин. Се надевам дека наскоро ќе се дојде до позитвен резултат, рече Могерини по денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и државите кандидати.
Претходно, и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, изјави дека Европската унија е „сосема сигурна“ дека Македонија ќе го реши долгогодишниот спор за името со Грција пред јули.