Ќе се бара одговорност за неправилностите во Годишната програма за култура
„Цврсто стоиме на ставот, дека доколку има индиции за неправилности или доколку одредени личности или субјекти учествувале во непотизам, корупција, клиентелизам или други незаконски практики, Министерството е подготвено веднаш да ги преиспита тие случаи, а доколку се утврди одговорност, да спроведе дисциплински и други постапки во согласност со закон“, стои во соопштението.
По објавувањето на Програмата со прифатени проекти на 10 февруари, реагираа поединци и институции од различни дејности кои не се задоволни од начинот на распределба на средствата и поради направени пропусти.