Караџовски - Нема список за масовни разрешувања на судии
Караџовски изјави дека до Судскиот совет доставено 219 претставки и поплаки. Од нив во пет предмети се бара да се утврди одговорност на судии, но не прецизираше за колку судии станува збор. Останатите се поплаки и жалби од граѓани и од правни лица. Судскиот совет ќе одлучува за поплаки и претставки кои не се завршени од Советот за утврдување на факти за одговорност на судии кој е укинат. Судскиот совет денеска не одлучуваше, првин треба да се формираат комисии кои треба да истражат дали има основ судии да бидат разрешени.