Сирил Рамафоса избран за нов претседател на Јужна Африка
Во телевизиска изјава Џејкоб Зума ја објави неговата оставка од функцијата претседател, ставајќи крај на деветгодишната власт. Африканскиот национален конгрес му порача на 75-годишниот Зума да се повлече или се соочи со изгласување на недоверба во Парламентот.
Очекувано беше тој да биде заменет од Рамафоса кој исто така беше заменик претседател на Јужна Африка.
Зума, кој е поранешен член на военото крило на Африканскиот национален конгрес во времето на апартхејдот, беше на власт од 2009 година, а функцијата ја напушта по серија афери околу него, вклучително наводи за корупција.