Проблеми со снабдувањето со струја во југозападна Македонија
Од ЕВН Македонија информираат дека нивни екипи во текот на вчерашниот ден ги санирале дефектите во повеќе населени места, освен онаму каде што имало проблеми со пристапот поради големи наноси од снег и одрони на патот. Од ЕВН додаваат дека од утринава екипите се постојано на терен и како ги санираат дефектите, така населените места се пуштаат под напон. Од компанијата информираат и дека се во постојана координација со другите енергетски компании кои го сочинуваат енергетскиот систем во земјава, со цел надминување на сите проблеми кои ги предизвика невремето.