ЕУ го продолжи ембаргото за оружје кон Белорусија
Говорејќи под услов на анонимност бидејќи не биле овластени да зборуваат за темата, дипломати за РСЕ изјавија дека Унгарија и Словачка сакале да биде воспоставено изземање на спортските пиштоли со мал калибар.
Новото ослободување ќе се применува од случај до случај, а националните власти имаат право да прават ограничувања на бројот, велат дипломатите.