Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Судењето за „Траекторија“ одложено за 1 март

Судењето за предметот на СЈО „Траекторија“ е одложено за 1 март, во кој меѓу другите обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски.


Тој на денешното рочиште повторно побара да бидат отфрлени како докази СМС пораките, бидејќи според него начинот на кој ги има прибавено СЈО не може да ја гарантира нивната автентичност.


Тој обвини дека СМС пораките пред да му бидат дадени на СЈО биле во рацете на СДСМ, како што рече, партија која е негов силен политички противник.


Груевски истакна дека во интерес на постапката и судот смета дека овие докази треба да се отстранат и да не се земаат во предвид понатаму и побара писмено изјаснување на неговото барање. Тој предложи судот да донесе формално решение со право на жалба како во случајот на Зоран Заев.


Обвинителката на СЈО Лиле Стефановска рече дека добива впечаток оти сите приговори на одбраната може да се повторуваат уште шест месеци.


Одбраната побара да и бидат доставени записниците од рочиштата, како и прекин на главната расправа за доволно разумен период во кој ќе им се овозможи увид во аудиоснимките, а судијата Бошевски рече дека претходно веќе тоа им е одобрено и доколку сакаат, можат со претходна најава во судот, да ги слушнат аудио доказите.


Во случајот „Траекторија, освен Груевски, обвинети се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски. 


Тие се теретат дека во 2012 и 2013 година презеле дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево - Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања и му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист. 


 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus