Странците во Турција ќе плаќаат казни на граничните премини
Дирекцијата за контрола на сообраќајот информира дека таа одлука веќе се применува и оти е во согласност со меѓународните стандарди за таа област.
Примената на оваа мерка се очекува да придонесе за поефикасно казнување на прекршителите на правилата за движење и ќе послужи како превентивна мерка против сообраќајните прекршоци во Турција.