Саакашвили протеран од Украина во Полска
Тие велат дека Саакашвили во Украина престојувал нелегално и затоа е вратен во земјата од која дошол. Соработниците на Саакашвили претходно соопштија дека тој бил „киднапиран“ непознати маскирани луѓе од еден грузиски ресторан во Киев, во близина на седиштето на неговата партија.
Поддржувачите на Саакашвили стравуваат дека тој може да биде екстрадиран во Грузија, каде што, како што велат, се соочува со фабрикувани обвиненија.