Ципрас: Решението да биде сложено име и уставна промена
Тој рече дека грчката влада има преземено одговорност за да се затвори проблемот „со достоинство и патриотска одговорност“ и ја повтори позицијата на Атина и барањата на грчката страна во разговорите.
„Решението не може да биде друго од едно сложено име што ќе важи за сите, за севкупна употреба. Нешто за што секако, предуслов е и уставна промена, за името навистина да биде ерга омнес, односно за севкупна употреба“, рече тој додавајќи:
„Не може да биде една употреба надвор, а друго да биде името во Уставот. Секако предуслов е и повлекување на секаков сомнеж за иредентизам. Ова е единствената рамка што го гарантира решавањето на проблемот и поминување во нова ера за целиот Балкан, далеку од национализмот, фанатизмот и нетолеранцијата“, рече Ципрас, пренесува МИА.