Роахани повика на единство
Стотици илјади луѓе присуствуваа на денешните митинзите организирани од владата во Техеран и во другите градови, извикувајќи слогани против САД и Израел, а беа запалени и знамиња на двете земји.
Рохани пред граѓаните рече дека бара на 40-годишнината од револуцијата, следната година, да има единство. Тој ги повика сите „конзервативци, реформисти, умерените, сите партии и сите луѓе да дојдат и да се заедно“.
Денеска се одбележува денот кога во 1979 година, следбениците на ајатолахот Рухолах Хомеини го собориле монархот Шах Реза Пахлави.