Пратеничка и градоначалник повредени во сообраќајка
Сообраќајната несреќа се случила вчера околу 17:50 часот на патот Демир Капија – Удово. , Според полицијата, Лазарова управувајќи патничко возило удрила во одрон од камења на коловозот, а потоа во нејзиното возило удрило друго. Лазарова во возилото била со градоначалникот на Валандово Перо Костадинов, а по ударот тие со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Кавадарци.