Облачно и студено време со врнежи од дожд и снег
Дневната температура ќе се движи од нула до шест степени.
Во Скопје ќе биде облачно и студено, во претпладневните часови се уште ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температура ќе достигне до пет степени.
Во понеделник ќе има преодно стабилизирање, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник попладне и в среда.