Барање за укинување на доживотниот затвор за Ратко Младиќ
Одбраната го образложила своето барање со лошата здравствена состојба на Младиќ, кој „освен досегашните здравствени проблеми во последно време има благи когнитивни нарушувања и благ степен на деменција“. Според одбраната, овие болести, „кои не биле дијагностицирани во затворот во Хаг и не биле третирани како што треба, не му дозволиле на обвинетиот во целост да учествува во судскиот процес“.
На 22 ноември минатата година Хашкиот трибунал го осуди Ратко Младиќ на доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на обичаите и законите на водење војна.