Иран бара Турција да ја прекине офанзивата во Сирија
Операцијата ги враќа несигурноста, нестабилноста и тероризмот во Сирија, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Касеми.
Тој нагласи дека сириската криза треба да се реши по политички пат, додавајќи дека токму затоа Иран веќе подолго време разговара со Русија и со Турција за да се постигне мирно решение за Сирија.