САД, ЕУ и Швајцарија ќе ѝ помагаат на Владата во изборните реформи
Премиерот Заев на средбата рекол дека Владата е определена за изборни реформи и дека е прифатлива секоја помош и соработка.
Според соопштението од Владата, Заев ја информирал амбасадорката Техада дека ќе се формира координативно тело, кое што ќе работи со претставници на ЕУ, САД и на швајцарската Влада за подготовка и имплементација на изборните реформи.