Мониторинг групи: убиени 23 цивили во Сирија
Четири деца биле меѓу убиените, наведе Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија. Опсерваторијата истакнува дека најмалку 70 лица се повредени.
Медиумскиот центар Гута исто така извести дека 23 лица се убиени. Проценките се дека околу 400 илјади жители живеат во Гута под опсада на сириските владини сили.