Предлог Западен Балкан да учествува на самитите на ЕУ
Австрија, Чешка, Летонија, Ирска, Италија, Литванија, Летонија, Малта, Полска, Словенија, Словачка и Унгарија сакаат лидерите на земјите од Западен Балкан да учествуваат во самитите на ЕУ, а нивниот предлог кон крајот на јануари е предаден на Европската комисија, објавуваат западните медиуми.
Во предлогот се бара министрите од Западен Балкан да учествуваат на состаноците на ЕУ кои се однесуваат на заштита на животната средина, здравството, сообраќајот и надворешната политика.