МАНУ и БАН ќе формираат меѓуакадемска група за Договорот за добрососедство
Во соопштението се наведува дека меѓуакадемската група треба да придонесе за конкретизирање на формите и содржините за соработка предвидени со договорот.
На средбата е потенцирано значењето на Договорот за пријателство и соработка меѓу свете земји како силен поттик за понатамошно продлабочување на соработката меѓу нив и академиите во науката, знаењата, културата, економијата, зближувањето на младите луѓе и други подрачја на создавање и прифаќање и примена на заеднички европски вредности.