Полицијата откри петмина мигранти кај селото Речица
МВР во однос на случајот наведува дека во близина на селото Речица полициски службеници од Полициската станица Белановце при контрола на патничкото возило на 36-годишниот (И.Б.) од Скопје, пронашле тројца Курди и двајца Сиријци, кои заедно со возачот биле приведени, а Основниот суд Скопје на И.Б. му одредил притвор од 30 дена.