Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Собрание: Амандманите се уредно примени, прикажаните во јавноста се копии

Собранието на Република Македонија информира дека сите поднесени амандмани за Законот за употреба на јазиците се уредно примени во собраниската архива и најостро ги демантира наводите изнесени од ВМРО-ДПМНЕ, како и пишувањата во дел од електронските медиуми за наводно фрлени амандмани.


Во соопштението на Собранието се наведува дека поголемиот дел од поднесените амандмани се архивирани, обработени и ставени на е-парламент.


„Со оглед на големиот број на поднесени амандмани Службата на Собранието уредно постапува во рамките на своите задолженија и во текот на денешниот ден, се до целосно завршување на процесот. По спроведена интерна проверка утврдено е дека сите оригинали од амандманите уредно се архивирани и се наоѓаат во собраниската архива. Амандманите прикажани во јавноста се копии од амaндмани кои се уредно внесени во процедура и се веќе објавени на е-парламент, со што се достапни на сите 120 пратеници и на јавноста“, се вели во соопштението.


Од Собранието, информираат дека се е отворено за увид во врска со ова прашање.


„Според утврдената фактичка состојба, наводите изнесени на денешната и синоќешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ се обид за груба манипулација со јавноста и дискредитација на Службата на Собранието”, стои во соопштението од Собранието.


Собранието апелира до политичките субјекти да се воздржат од шпекулации и да не ја дезинформираат јавноста, затоа што тоа штети на угледот на законодавниот дом и на тековните реформски процеси.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus