Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Законот за јазиците утре пред пратениците, ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 32.000 амандмани

Собранието на Република Македонија утре во 11 часот треба да ја почне 32. седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците. До третото читање на законот доаѓа откако претседателот на државата Ѓорге Иванов не го потпиша указот за законот и испрати забелешки до Собранието.


Седницата за овој закон претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа во предвидениот рок и го стави на повторно гласање, а за законот ВМРО-ДПМНЕ поднесе и рекордни над 32.000 амандмани. Толкав број амандмани досега не се поднесени за ниту еден закон во Собранието.


Амандамните се поднесуваа постепено вчера и завчера од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а по завршувањето на рокот вчера во 16:30 часот од собраниските служби информираа дека примиле над 32.000, додека од опозициската партија за МИА посочија дека станува збор за над 30.000. Содржината на амандманите, според Деловникот, мора да биде во согласност со укажувањата на претседателот Иванов. 


Партиите од владејачкото мнозинство СДСМ и ДУИ, како и Беса не поднесоа амандмани за законот. СДСМ преку соопштение реагираше посочувајќи дека очигледно било дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да ги напушти политиките на деструкција и на блокади, коишто предизвикувале политички тензии, поделби и раздор во општеството.


Поднесените амандмани ќе се разгледуваат само на пленарна седница. Предлагачите на амандманите имаат право на три минути да го образложат секој амандман поединечно, така што според одредени пресметки за тоа ќе бидат потребни 145 дена. Координаторите имаат право и на процедурални забелешки од по три минути. За да биде донесен амандман потребно е за него да гласа 61 пратеник. Пратеникот Влатко Ѓорчев кој ги координира пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието во петокот најави дека тие ќе настапуваат „како и досега“ односно со десет пратенички групи. 




 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus