Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

СДСМ најави измени на Законот за минерални суровини

Иницирани се измени на Законот за минерални суровини од страна на коалицијата предводена од СДСМ со кои ќе се обезбеди заштита на населението и на животната средина во регионите каде има рудници, изјави пратеничката на СДСМ Мери Лазарова.


„Со измените овозможуваме долгорочна заштита на животната средина и спречуваме секаква можност на загрозување на здравјето на луѓето што живеат во близина на рудници, особено ако работат со технологии што користат супстанци штетни за околината и здравјето. Целосно се забранува примена на цијаниди, сулфурна киселина и други опасни супстанци при преработка на минералните суровини, хемикалии кои се опасни по живот“, изјави Лазарова.  


Таа наведе дека за Предлог-законот Собранието треба да расправа в понеделник и нагласи дека сметаат дека е неопходна длабока и темелна анализа од надлежните институции и од локалната самоуправа пред да одговорат на барањата за концесија и од тие причини законскиот рок за одговор на институциите од досегашните 15 дена се предлага да се продолжи на 60 дена.


„Со тоа ќе се спречат брзи и недоволно анализирани одлуки на надлежните институции и ќе се овозможи транспарентност во постапката со што јавноста ќе има доволен временски период да го искаже своето мислење во однос на барањата на евентуалните концесионери“, рече Лазарова. 


Таа рече дека со овие законски измени ќе се спречат ситуации како случаите со концесиите за површински копови за рудници за бакар и злато – Казандол во Валандово и Иловица во Босилово, кои во своите процеси користат сулфурна киселина, односно цијаниден раствор, нагласи Лазарова и ги повика сите пратенички групи да ги поддржат овие законски решенија.


Горан Милевски од ЛДП најави дека на 1 февруари како претседател на собраниската Комисија за економски прашања закажал јавна расправа во врска со ефектите од примената на Законот за минерални суровини врз животната средина и економијата. 


 


 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus