Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се очекува денеска да зборува на сослушување во Европскиот суд за човекови права. Навални на 23 јануари на Инстаграм напиша дека се подготвува за сослушувањето во судот во Стразбур и оти ги дискутира неговите забелешки со неговите адвокати.
Сослушувањето треба да се фокусира на жалбите на Навални против руската држава поради неколку инциденти во кои тој беше уапсен додека се обидува да учествува во протести.
Навални, но и Русија, се жалеа на пресудата на Европскиот суд за човекови права од февруари 2017 година, во која се вели дека руските власти го прекршиле неговото право на слободни собири и незаконски го апселе седум пати меѓу 2012 и 2014 година. Судот кој исто така пресуди дека Навални бил незаконски ставен во притвор во тој период, пресуди Русија да му исплати 63 илјади евра.
Навални во 2011 и 2012 година два пати беше осуден за обвиненија за финансиски криминал, за кои тој вели дека се политички мотивирани.