Сириските Курди тврдат дека ја принудиле Турција на повлекување од Африн
Портпаролот на Единицата за заштита на народот во Африн, Бируск Хасака изјави дека турските сили се одбиени по жестоките борби, додека друг претставник на Единиците, Нури Махмуди изјави дека „сите копнени напади на турската армија досега се одбиени и оти војската е принудена на повлекување“.
Претходно, турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека турски трупи денеска навлегле во сириската покраина Африн.
Турските власти и соопштија дека врз градот Килис од сириска територија биле истрелани четири ракети, при што полесно е повредени едно лице.