Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Пендаровски: Посетата на Столтенберг во важен момент за Македонија

Националниот координатор на Македонија во НАТО Стево Пендаровски изјави дека посетата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се случува во момент кога Македонија се наоѓа на важна крстосница. „Генералниот секретар на НАТО доаѓа да ни даде поттик, во период кога Македонија како држава се наоѓа на раскрсница и политички и безбедносно, во момент кога ги интензивираме преговорите за името со Грција, но и бидејќи Македонија е најстара земја-кандидат за влез во Алијансата“, рече Пендаровски во емисија на ТВ 24 вести. Прашан дали е Македонија ќе влезе во НАТО на Самитот во јули годинава, тој изјави дека Македонија ќе направи се што е во нејзина моќ, да го оствари тоа. „Воопшто не сум сигурен, бидејќи не знам што може да направи другиот партнер. За да го решиме името, нам ни треба најмалку 50 отсто што ќе направат во Атина, бидејќи такво е прашањето. Гарантирам дека ќе се вложиме комплетно, со внимавање на идентитентот, и на сите работи кои се битни за македонската нација. Мојот впечаток е дека грчката позиција е се уште многу ригидна“, оцени Пендаровски. Во однос на решавањето на спорот за името со Грција, Пендаровски оцени дека добар дел од аналитичарите велат дека ќе има референдум за решавање на спорот со името.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus