Седуммина повредени во експлозија на бомба во Скадар
Двајца од ранетите се здобиле со посериозни повредни и се пренесени во Клиничкиот центар во Тирана, додека останатите се примени во болницата во Скадар. Меѓу повредените при експлозијата е и бизнисменот Кула.
Бомбата била поставена на еден мотоцикл во центарот на Скадар, пред зграда во која се наоѓаат канцелариите на заедницата на српско-црногорското малцинство во Албанија.
Во време на експлозијата на местото се затекнала екипа на Радиотелевизија Црна Гора, при што е повредена и една од вработените во медиумот. Таа минала со полесни повреди и по укажаната лекарска помош била отпуштена од болница.