Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

СИРИЗА се залага за сложено име за сите употреби

Во присуство на грчкиот премиер и претседател на партијата, Алексис Ципрас, политичкиот совет на СИРИЗА, денеска одржа состанок на кој членовите разговараа за последните случувања во прашањето за името, како и за подготовките за централниот комитет на партијата.


СИРИЗА, преку соопштение испратено до медиумите, како што јавува дописникот на МИА од Атина, го повторува ставот на владејачката партија во однос на спорот меѓу Македонија и Грција, односно, сложено име за севкупна употреба.


“На политичкиот совет, беше изразена поддршка на активностите на владата и беше нагласена потребата да се искористи можноста за решавање на долгогодишното национално прашање кое го оставија во наследство претходните влади. СИРИЗА цврсто се залага за взаемно прифатливо решение со сложено име за сите употреби”, соопштуваат од партијата.


Од таму велат дека главните цели и на СИРИЗА и на владата се надградба на геополитичката позиција на земјата и консолидација на стабилноста, демократијата и мирот на Балканот, во рамките на активната и повеќе димензионална надворешна политика на земјата.


Политичкиот совет на СИРИЗА што заседаваше денеска, има 11 члена, меѓу кои и вицепремиерот Јанис Драгасакис, министерот без ресор и владин портпарол Димитрис Ѕанакопулос, министерот за дигитална политика, телекомуникации и медиуми, Никос Папас, министерот за финансии Евклидис Цакалотос, заменикот министер за миграциска политика Јанис Балафас, претседателот на грчкиот парламент Никос Вуцис, префектот на областа Атика, Рена Дуру и пратеници од партијата.


Политичкиот совет, што ги разгледува сите теми поврзани со владината политика и извршниот совет, задолжен за организациски прашања се двата органи на политичкиот секретаријат на партијата. 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus