Тевдовски - Поскапениот дизел нема да предизвика зголемување на цените
„Министерството за финансии веќе соопшти дека очекувањата за движење на инфлацијата се 1,7 проценти и во нив е вградено и зголемувањето на акцизата“, рече тој.
Министерот Тевдовски и премиерот Зоран Заев денеска имаа заедничката прес-конференција. На средбата претходно Тевдовски го информирал Заев за реализацијата на Буџетот во 2017 година и за економските очекувања во 2018. И двајцата очекуваа дека годинава ќе биде добра за економијата.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на денешната прес-конференција на Зоран Заев и Драган Тевдовски. Во соопштението од партијата наведуваат дека Заев и Тевдовски, како што пишуваат, повторно преку паушални прес конференции сакаат да ја изманипулираат јавноста.
„Наместо со празни зборови, треба да ги исполнат своите ветувања за подобрување на животниот стандард на граѓаните и исполнување на своите ветувања дадени пред граѓаните“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.