Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Папандреу: Освен името, Скопје е нашиот природен сојузник

 Поранешниот премиер на Грција, Јоргос Папандреу, во интервјуто за грчкиот весник „Етнос“  вели дека се чини оти актуелната македонска Влада, сфатила дека иредентизмот води кон ќор сокак и коментира дека ако се тргне настрана името, тогаш Скопје е природен сојузник на Атина.


"Доколку сегашните околностите дозволат задоволително решение, пошироката геополитичка ситуација е уште една причина да одиме чекор понапред. Скопје, ако се тргне настрана името, е нашиот природен сојузник. Решавањето на проблемот, ќе ни дозволи повторно да ја искористиме нашата стратешка позиција на Балканот", вели Јоргос Папандреу во интервјуто за грчкиот весник „Етнос“, пренесува МИА.


Тој коментира дека во времето додека бил министер за надворешни работи, со неговиот македонски колега Георгиевски биле блиску до решение, а ги споменува и тактичките билатерални средби со Груевски, кога и двајцата беа премиери.


" Со Груевски, имав чувство дека го користи македонското прашање како оправдување за внатрешните проблеми", вели Папандреу.


Поранешниот премиер, во интервјуто, како што јавува дописникот на МИА од Атина, упатува критики до опозициската Нова демократија, поради ставот во прашањето со името, односно нивното барање, коалиционите партнери во владата да се согласат за една единствена и заедничка позиција.


 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus