Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека со рускиот претседател Владимир Путин во Москва разговарал во четири очи за сите важни теми за Србија. „Разговаравме за ситуацијата во регионот и за она што можеме да направиме за зачувување на мирот и стабилноста“. Запрашан во врска со притисоците од Запад во односите спрема Русија, Вучиќ, меѓу другото изјави дека тој и премиерката Ана Брнабиќ водат сметка за интересите на Србија, а не на „некоја странска сила, Америка, Русија или кој и да е друг“.