Во Собранието на Република Македонија на дневен ред е избор на нов Јавен обвинител. Станува збор за Љубомир Јовески кој доаѓа на местото на Марко Зврлевски. Една од најтешките задачи со кои ќе треба да се справи новиот државен јавен обвинител е да го отргне политичкото влијание од Обвинителството, со што треба политички и економски да ги ослободи обвинителите од разните притисоци, велат правните аналитичари.