Работена според романот на Кен Киси од 1962 година и во адаптација на Дејл Васерман, на 22 декември, во 20 часот, во Драмски театар, ќе се случи премиерата на театарската претстава „Лет над кукавичјето гнездо“. Режисер е Ристо Алексовски, а во оваа драма која се бави со прашањето „Што и кој е луд“ играат Сашо Тасевски, Емилија Мицевска, Благој Чоревски, Диме Илиев, Златко Митрески, Ѓорги Тодоровски, Ненад Нацев и други.