Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Се зголемуваат потписниците на ВМРО ДПМНЕ за одложување на конгресот

Пред одржувањето на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ вечерва  се проширува со нови имиња писмото што беше потпишано од 30-тина членови од партијата  со кое се бара конгресот што треба да се одржи викендов, да се одложи за февруари


Меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се поддржувачи на предлогот за поширок демократски Конгрес за избор на легитимен претседател  се најде името на Светлана Јакимовска, поранешен потпретседател на Собранието на Република Македониј, и неколку поранешни пратеници во Собранието меѓу кои Надица Танчева Тулиева, Милорад Додевски, Јасминка Дамчевска, Ружа Ѓорѓеска, Бети Кузмановска, Сузана Секуловска и Илија Србиновски. Во списокот на потписници на јавното писмо на ВМРО ДПМНЕ за одложување на конгресот се имињата на неколку поранешни градоначалници меѓу кои Славчо Чадиев, на Велес, Зоран Тасев, на Свети Николе и Дарко Шехтански на Делчево.


Одложување на Конгресот што треба да се одржи викендов бараат и неколку делегати на конгресот и претседатели на Општински комитети.


Повеќе членови на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои основачи на партијата, пратеници и други функционери вчера во јавното  писмо посочија дека се фаворизира еден кандидат за претседател на партијата и побараа на претстојните состаноци на највисоките тела на партијата да бидат прифатени предлозите за зголемување на бројот на делегатите кои ќе го бираат првиот човек на партијата и Конгресот да се одложи за февруари следната година.


Дел од медиумите денеска објавија и дека поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски нема да се кандидира за претседател на партијата и оти се повлекува од сите партиски функции.


Од ВМРО-ДПМНЕ не ја потврдуваат информацијата, притоа посочувајќи дека лидерот и сите членови на партиските тела се во оставка.


Досегашниот лидер Никола Груевски минатата недела на Фејсбук негираше дека како долгогодишен претседател на партијата ќе поддржи или фаворизира некој од кандидатите за претседатели на партијата


 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus