Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Верувале или не, Москва пред 50 години изгледала како едно големо село

Анатолиј Сергеев-Василјев / РИА Новости

Кога ги гледате московските широки булевари и високи облакодери тешко можете да си замислите дека на ова место немало ништо урбано. Ниту патишта, ниту станбени блокови, па дури ни „Старбакс” ни „Мек Доналдс”!

Зотин / РИА Новости

Еве еден пример. До реонот Тропарјово-Никулино на југоистокот на Москва може да се стигне со метро за 20 минути од центарот, а тоа не е ниту последната станица на оваа линија. Пред само 50 години на ова место се наоѓале две села – Тропарјово и Никулино. Денес овој реон од една страна е ограден со величествениот Лењински проспект.

  Всеволод Тарасевич / МАММ

„Моите родители во 1969 година купиле стан во нова зграда близу метро станицата Југозападна. Било многу чудно што околу метрото немало ништо. Нашата улица всушност била само низа на бетонски плочи”, се сеќава Московјанинот Сергеј. „На другата страна на улицата немало буквално ништо освен дрвја, а кај моето училиште почнуваше поле, а за него беше селото. Многу деца од селата учеа во нашето училиште кое беше специјално изградено за новиот реон”.

 

Прочуените „хрушчовки” (бетонски станбени згради) кои сега се рушат само што започнуваа да се градат кон крајот на 1950-те години во тогашното село Черјомушки во Московската област. Фотографијата од 1954 година ги прикажува последните остатоци на ова село.

Селскиот поштар, 1944. Извор: Николај Ситников

Многу реони кои денеска се наоѓаат близу центарот на Москва беа преполни со дрвени куќи налик на селските сè до 1960-те. На фотографијата е прикажано некогашното село Вихино, сега реон на градот Москва.

    Од архивата на Сергеј Овсјаников

Дрвени куќи и бараки постоеле во близината на центарот се до 1960-те. Вака изгледал денешниот реон Текстиљшики.

   И.Иванов

Московското метро денес има 206 станици. Тоа во голема мерка помогна да се забрза темпото на ширење на градот. На главните метро станици милиони патници преминуваат од линија на линија секој ден, а пред само пеесетина години овие граници сè уште се градеа. На фотографијата е прикажана изградбата на метро станицата Вихино во 1965 г.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus